Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Османи: Бугарските клубови ќе мораат да ги променат своите имиња

Сподели:

 

“Очигледно е дека имињата што се избрани на бугарските клубови во Македонија, без разлика колку историски и научно ќе ги толкуваме улогите на овие личности во историјата, чувството во поголема мера во Северна Македонија е дека овие имиња се провокации. Ова е доволно. Како што кажав за случајот со Христијан. Не ми е важно што ќе покаже истрагата. Важно ми е што родителот на Христијан вели дека бил нападнат поради неговата бугарска етничка припадност. А мене ова ми е доволно за денес да дојдам во Софија и да испратам порака. Истото треба да го чувствува и бугарската заедница. Не треба да влегуваме во вистинска научна дебата за улогата на овие историски личности. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од ова, да ја разбереме оваа чувствителност на народот. И верувајте дека тоа е во интерес на бугарската заедница“, изјави министерот Бујар Османи во интервјуто за БТВ.

 

 

На прашањето на БТВ дали бугарските клубови во Северна Македонија со имињата „Иван Михаилов“ и „Цар Борис III“ треба да ги сменат имињата ако сакаат да продолжат да постојат, Османи посочува:

„Така вели законот. Ќе бидам доследен. Јас лично имав дилеми околу ретроактивноста на одредени делови од законот. Но, одлуката на Собранието е таква што имињата не треба да се поврзуваат со периоди како што е фашистичкиот период од Втората светска војна, кои ги повредуваат чувствата на граѓаните. И клубовите ќе мора да го направат тоа. Следната недела планирам да ги поканам бугарските здруженија на собир, каде што ќе направиме план како да овозможиме бугарската заедница да ја декларира својата припадност, нејзиниот идентитет и културна припадност, да се интегрира во општеството. Имам искуство, имам волја и државата има волја да ѝ помогне на бугарската заедница да се интегрира“.

Целото интервју погледнете го тука

Сподели: