Османи: Република Северна Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот

Сподели

 

Република Северна Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот, информираше попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

 

-Уште еден надворешнополитички успех. Нашата земја е примена како членка на Унијата за Медитеранот, важен регионален форум за соработка меѓу Европската Унија и медитеранските земји. Секој ден поблиску до Европската Унија, напиша Османи на Фејсбук.