Осум театарски претстави, 25 филмови, изложби на СКОМРАХИ 2023

Сподели

 

Факултетот за драмски уметности ги најавува новите Скомрахи 2023, меѓународни средби на студенти од драмските академии
Од 1 до 5 ноември 2023, на сцените на факултетот ќе бидат прикажани 8 театарски претстави и 25 филмови, како и многубројни изложби, работилници, дискусии и предавања, заедно со препознатливиот СкомрахОФФ, музичката програма и забавите во бифето на ФДУ.
 
Како и во изминатите 31 година, средбите во целост се простор за креативноста, енергијата и пасијата на студентите – новите Скомраси. Како и во минатото, така и денес тие продолжуваат да размислуваат и создаваат со поглед и кон иднината, со сите нејзини предизвици.
 
А на овогодишното издание акцентот го ставаат и на своите “улоги” во уметноста во новото време, што се одликува со се поголема “улога” на вештачката интелигенција.
 
Програмата следи наскоро.