Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Филипче: Oтвораме на нов пункт за вакцинација во Универзитетот св. Кирил и Методиј

Сподели:

 

Вакцинацијата во државата се одвива добро и процесот тече регуларно во сите пунктови низ државата. Во изминатиот период е пораснат опфатот со вакцинација кај повозрасните граѓани. Од вкупното население над 40 години, вакцинирани се 53 отсто.

Младите граѓани се оние кои се во моментов најизложени на ковид вирусот и истите се главни медијатори, поради комуникацијата со своите соученици, другари.

Во денешната изјава за медиуми пред малата сала во А1 СЦ Борис Трајковски, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави отворање на нов пункт за вакцинација во Универзитетот св. Кирил и Методиј и како што кажа, со овој чекор се става акцент на тоа вакцините да бидат подостапни и за младите граѓани за истите да вакцинираат во поголем број во периодот што претстои.

-Вирусот се шири меѓу нив, тие се медијатори може да го шират и во своите семејства. Докажано е дека вакцината е безбедна , докажано е дека е ефикасна, не треба да има страв, тоа е еден од начините да се спречи ширењето на вирусот. Битно е младите да се социјализираат, да ги вратат назад своите животи. Знаеме колку им се промени животот во изминатиот период со тоа што немаа социјални контакти, со тоа што не одеа во училиште и затоа и за помладите важи правилото дека само со вакцинација може да ги нормализираат целосно животите. И затоа сега ставаме акцент на промоцијата, на повикот кон помладите да се вакцинираат. – потенцираше министерот Филипче.
 
Мотивирачки повик за сите млади испрати и студентот по медицина, Ернес Никочевич. Тој ги повика младите да се вакцинираат, повикувајќи се на искуството коешто го стекнал во изминатиот период од започнувањето на пандемијата, како волонтер во спроведувањето на епидемиолошките анкети на потврдени случаи со Ковид 19 во есенскиот период, во ковид центрите и во процесот на имунизација кадешто учествуваат преку 120 волонтери од медицинскиот факултет.  
 
 
 

 

-Оваа моја порака денес сакам да ја упатам до сите млади луѓе во државата, моите врсници да покажеме еден висок степен на свест, на сериозност и на одговорност кога станува збор за јавното здравје, да се вакцинираме, да не дозволиме да се преплават здравствените капацитети, да се заштитиме себеси и да ги заштитиме луѓето околу нас – кажа Ернес Никочевич.

Сподели: