Отворање на Скопско лето со изложба на Државниот архив „Ризница на постоењето – од документ до историја“

Сподели:

„Изложбата на Државниот архив на Р.С. Македонија со наслов „Ризница на постоењето – од документ до историја“ е подготвена по повод 75 години постоење на оваа значајна институција, јубилеј кој се одбележува во 2026 година.

Изложбата ги опфаќа најзначајните документи кои се чуваат во Државниот архив – централен дел и неговите девет Одделенија во Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид и Велес.

На 16 паноа прикажани се документи кои говорат за историјата на Македонија во османлискиот период, историја на секојдневниот живот, за Македонците кои живеат во дијаспората, културниот живот во XX век, институционалната меморија во македонската држава и др.

До сега изложбата беше промовирана во рамки на Свечената академија која се оддржа на 6 април 2026 година по повод јубилејот во Македонскиот народен театар, а наскоро ќе биде претставена во Куманово. Автори на изложбата се м-р Марјан Гијовски, Блерта Емини, Дора Јурукова, д-р Јасмина Дамјановска и м-р Јован Стојановски.“

Сподели: