Спектакуларна изведба на “Кармина бурана” во Градскиот парк

Сподели:

Спектакуларната вечер понуди уметничка синергија каква што ретко се гледа на овие простори, каде што Филхармонијата на домаќинот, заедно со софиските и солунските колеги, покажа исклучително ниво на професионализам и емоција.

Вчера во Градскиот парк во Скопје се одржа маестрална изведба на Кантатата „Кармина бурана“ на Карл Орф, со заеднички концерт на Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун.

На сцената настапија повеќе од 200 музичари од: Македонската филхармонија, Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, Хорот на Македонската опера и балет (МОБ), Детскиот хор „Пиколо“ и Хорот на музичкото училиште од Солун.

Диригент на проектот беше маестро Најден Тодоров од Бугарија, кој е и иницијатор на овој музички проект. Претходно, истиот концерт бил изведен во Софија и Солун, а сега и пред публиката во Скопје.

Како солисти настапија: сопранистката Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција, Иво Јорданов од Бугарија

Сподели: