Отворен ден за волонтери во “ЛАЈКА”

Сподели

 

Оваа сабота во прифатилиштето на ЈП Лајка имавме ОТВОРЕН ДЕН за младите волонтери кои што се пријави ја на нашата електронска адреса volontiraj@lajka.com.mk.

 

 

Како прифатилиште за бездомни кучиња навистина не радува што во нашиот град има позитивни примери на млади луѓе, вистински љубители на кучиња кои покажуваат интерес за подобрување на состојбата во која се наоѓаат бездомните животни и со својот волонтерски ангажман им  подарија незаборавно време исполнето со многу забава, искрена љубов, внимание и топлина.

 

 

Им благодариме на младите волонтери кои го посетија прифатилиштето на ЈП Лајка на ОТВОРЕНИОТ ДЕН измината сабота. Во своето неколкучасовно дружење и грижа со кучињата имаа прилика да уживаат во нивното друштво, да ги чешлаат, бањаат,играат со нив и да придонесат барам на кратко во подобрување на нивната благосостојба.

 

 

Сметаме дека ваквите позитивни примери на млади луѓе заедно со нашето залагање како претпријатие ќе придонесат во голема мера за подигнување на културата не само за грижа, хуман третман и подобрување на благосостојбата на бездомните кучиња, туку и за вдомување на кучињата од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.

Сите оние кои сакаат да ја посетат Лајка, да волонтираат и да се запознаат со работата на претпријатието може да нè исконтактираат на volontiraj@lajka.com.mk.