Магазин Наука и Технологија

„Ова е само почетокот на еден златен период”

Сподели:
Добата на паметните гласовни асистенти кои ќе работат на вештачка интелигенција допрва доаѓа и тие во иднина ќе имаат големо влијание во нашите животи.

jbl

Во следните дваесетина години, гласовните асистенти ќе имаат големо влијание во нашите животи и ова денес е само почеток на „златното доба“, изјави на конференцијата Code Conference, Џеф Безос, извршниот директор на Амазон.

Еден од најинтересните производи на оваа компанија е паметниот звучник Echo кој се управува со глас и работи на асистент базиран на вештачка интелигенција. Амазон веќе четири години ја развива технологијата за вештачка интелигенција и дури сега сите почнуваат да го сфаќаат потенцијалот на овој уред преку кој ќе може да се нарача храна, да се управува со музика, да се додаваат потсетници и слично.
Безос напомена дека на забрзаното развивање на вештачката интелигенција ќе влијаат новите и брзи алгоритми, помоќните компјутери и големите количини на податоци кои што моментално ги користат гласовните асистенти.

Освен Амазон, и другите големи компании вложуваат големи ресурси во развој на вештачката интелигенција. Интересно е што пред извесно време еден експерт изјави дека Apple би можеле да завршат како BlackBerry, пред се поради тоа што американскиот технолошки гигант засега не вложува доволно средства за развој на вештачка интелигенција.

jbll

Сепак, такво нешто реално е многу тешко да се очекува, а кога сме кај паметните звучници, неодамна се појавија информации дека и Apple развива паметен звучник, односно гласовен асистент сличен на Echo на Амазон кој би требало да биде напредна верзија на веќе популарниот Сири.

Токму ваквите уреди во иднина ќе ни овозможат со едноставно изговарање на неколку зборови, на пример, да го изгасиме светлото во собата, или пак да порачаме пица.

Извор: tocka.mk

http://tocka.com.mk/5/197935/ova-e-samo-pocetokot-na-eden-zlaten-period

Сподели: