Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Ова не е суспензија против Русковска, ова е суспензија на правото и суспендирање на правдата

Сподели:

 

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за нејзината суспензија.

„Само што доставив жалба до Советот на јавни обвинители. Членовите треба да се запознат со содржината на жалбата во која ги побивам наводите во решението. Без разлика што имаше соопштение дека предметите кои ги водам ќе продолжат со несмален интензитет, не верувам дека било кој колега ќе продолжи да постапува по нив, по ова што ми се случува мене“, изјави Русковска пред новинарите по поднесување на жалбата за нејзина суспензија.

-Ова не е суспензија против Русковска, ова е суспензија на правото и суспендирање на правдата, изјави таа.

Обвинителката исто така рече дека новинарите треба да истражат дали имало политички влијанија за нејзината суспензија и ги отфрли сомнежите дека за таа одлука имало притисоци од сегашната влада. Но таа не сакаше да прецизира која е позадината за суспензијата со образложение дека не сака да се „најде на суд поради клевета“.

„Во решението стои дека треба да ги предадам предметите на мојата замена, која е на одмор. Така да предметите не можев да ги распределам. А и таа не може да ги работи, зашто и против неа е поведена дисциплинска постапка. Станува збор за два предмети“, рече Русковска.

Според Русковска, не е точно тоа дека не смеела да нареди претрес во Управата за финансиска полиција само поради тоа што пријавата била анонимна.

– Обвинители не кажуваат дали претресот е законит или незаконит, туку за тоа одлучува судит.  Дали е анонимна пријавата, таа сепак е за кривично дело и по истата мора да се постапува, така е според закон.

„Во финансиската полиција не дојдовме до докази. Со претресот наведовме кои предмети треба да ни бидат доставени меѓу 250 и 300 предмети. Ни беа доставени 30, повеќето од нив не ни беа потребни. Немаше доставено ниту еден предмет од тие што ги баравме.“, рече Русковска.

Таа дојде со дојде со обезбедување, за кое рече деа и е од претходно, а дека сега засега, немала никакви закани.

-Ова обезбедување ми е од претходно. Сега за сега немам никакви закани, рече Русковска. Таа не образложи што стои во жалбата, туку остави прво Советот да ја разгледа, па потоа да знае јавноста.

Против Русковска, но и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во Финансиска полиција.

Сподели: