Алтернатива Настани

„Педесетте лица на стравот“- изложба на фотографии, актерски перформанс и живи статуи

Сподели:

 

Педесетте лица на стравот“ (Fifty Faces of Fear) е  мултимедијален настан кој не смеете да го пропуштите денеска, на 31 октомври, на Ноќта на вештерките, во Социјалниот центар Дуња (ул. Рајко Жинзифов бр. 22,  спроти Градежен Факултет) во Скопје.

 

 

Проектот вклучува „Kуќа на Стравот“, изложба на фотографии, актерски перформанс и живи статуи организирани и креирани од театарот „Златен Елец“, „Космик Вижн“,  „Театроск“ и продукцијата Златен Заб.

 

 

Идејата зачна по изработка на 50 дела кои ја обработуваат тематиката „Страв“- велат уметниците од Космик Вижн, Воислав Пехчевски и Емилија Апостолска.

 

 

Наша цел е да понудиме нешто ново на уметничката сцена, да се надоврземе на класичното и да го издигнеме на повисоко и модерно ниво, оттука креирајќи алтернативни начини на креативно изразување и презентирање.

 

 

Соработката со Надица Петрова и Давид Илиќ од театарот „Златен Елец“ и Милена С. Цветановска и Војо Цветановски од театарот „Театроск“ и Марија и Владимир Костовски од Продукцијата Златен Заб, како и престојниот интернационален празник „Халовин“ доведе до раѓање на идеја за формирање на овој уникатен настан.

 

 

Организаторите повикуваат заинтересираните да бидат дел од ова екстремно искуство, каде ќе бидат сведоци на единствената „Куќа на Стравот“ во нашата земја и да повелат на дружба со познатите хорор-ликови како што се Фреди Кругер, Џокерот, Харли Квин, Господарката на злото, како и разни зомбија, вештерки, морбидни кловнови и уште многу други изненадувања.

Изложбата на фотографиите ќе трае и во наредните 2 дена, први и втори ноември, од 17 до 22 часот, со можност за купување на вашата омилена фотографија.

Настанот е за лица од 16 години нагоре, и не е препорачлив за луѓе со слабо срце и луѓе кои страдаат од епилептични напади. Настанот ќе се спроведува според сите протоколи на ковид-мерките.

Сподели: