Вести Изјави Македонија Ударни вести

Пендаровски: 16.мај, ден на храбриот отпор на Ромите во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау

Сподели:

 

“Одбележувајќи 75 години од победата над фашизмот, се потсетуваме и на 16.мај, денот на храбриот отпор на Ромите во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау против нацистите за време на Втората светска војна, во 1944 година.

Ромските затвореници, жени и мажи, вооружени со чекани, лопати и други дрвени предмети се спротивставиле на нацистите, избегнувајќи сигурна смрт за Ромите и Синтите тој ден.

16. мај ја означува борбата за право на живот, нескротливата желба за опстанок, но и последиците од еден ужасен период од историјата. Денес, живеејќи во современото демократско општество, хуманоста и меѓусебната почит нè потсетува дека нема простор за кршење на човековите права, антициганизмот и дискриминацијата”, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Сподели: