Пендаровски: Борбата почнува од нула, како да немало прв круг

Сподели

 

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја продолжува претседателската кампања.

 

 

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски, негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

Македонија заслужува натпартиски, претседател на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност!

На Македонија и се потребни стабилни меѓуетнички односи и интеграција во Европската Унија. Но, ако сакаме предвидлива иднина за сите граѓани мора повеќе да се посветиме и на борба против корупцијата. Ветингот треба да ги опфаќа не само судиите и обвинителите, туку и политичарите, со детална проверка на стекнатиот имот.”

 

ИЗБОРИ 2024, Стево Пендаровски