“АНАТОМИЈА НА ПАДОТ” во Кинотека

Сподели

 

КИНОТЕКА – 30 АПРИЛ (ВТОРНИК) 20:00ч
АНАТОМИЈА НА ПАДОТ (Anatomie d’une chute)
Игран филм, Франција
2023, 152 мин., колор, ДЦП
Режија: Жистин Трие Толедано (Justine Triet)
АНАТОМИЈА НА ПАДОТ (Anatomie d’une chute) е возбудлив судски трилер, во режија на Жистин Трие. Во филмот таа ја испитува тенката линија кога вистината станува фикција, а фикцијата вистина.
Употребувајќи го минималистичкиот интензитет на камерната драма – и користејќи сложена, елипсовидна монтажа – Трие конструира мистерија која на крајот е помалку за смртта колку за скриените животи што ги водиме.
Филмот ја имаше својата премиера на 76-тото издание на Канскиот филмски фестивал во 2023 година, каде што ја освои Златната палма. Филмот е добитник на два Златни глобуси, како и Оскар за најдобро оригинално сценарио.