Пендаровски не го потпиша Законот за за утврдување на правен статус на дивоградбите

Сподели

 

Денеска го известив претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери дека одлучив да не го потпишам Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, изјави претседателот Стево Пендаровски.
 
Преку вака формулираното законско решение се врши упад во работата на судовите и се овозможува „затскриена“ амнестија за сторители на кривични дела поврзани со бесправно градење и злоупотреба на службената положба, додаде претседателот Пендаровски.