Пензиите ќе се исплаќаат од 28. декември

Сподели

 

На вчерашната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец декември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.12.2020 година за да се обезбеди пензионерите да може да располагаат со декемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.12.2020 година.

Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 29.12.2020 година (вторник);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.12.2020 година (среда), и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток).