ИНТЕРВЈУ со Срџан Олман стенд-ап комичар: Смеењето е моќен стимуланс

Сподели

     

Предновогодишно стенд-ап шоу во живо со СРЃАН ОЛМАН, стенд-ап комичар од Суботица

“ДАЛИ ДА СЕ ОБЕСАМ, ИЛИ ДА ПРОДОЛЖАМ ПОНАТАМУ?!”

 

 

 

Велат дека една од најсериозните работи во светот е да ги насмеете луѓето. Срѓан Олман е стенд-ап комичар од Суботица, новинар со телевизиско искуство од сите страни на камерата. Неговите шоуа „Северно леден хумор“ , и „Правда за Олман“ го обиколија целиот регион. Срѓан Олман е победник во ТВ-шоуто „Најдобриот комичар на Србија“од 2014 година. Победник е и на натпреварот за најдобар стенд-ап комичар во организација на Стенд-ап.рс. Учествуваше и во ТВ-шоуто “Аудиција“.

  • Што е најдобро и што е најлошо во стенд-апот?

СРЃАН ОЛМАН: Најдобра ситуација е кога публиката се смее, а најлоша е кога не се смее. И да, има уште една лоша работа, а тоа е ситуацијата по изведбата кога некој од публиката ќе ти пријде со приказната „Имам шега за тебе“ или „и слушај што ми се случи“, тогаш сум  разочаран, бидејќи гледам дека дотичната личност не ја разбрала идејата за стенд-ап комедија.

  • Што правите кога не сакате да се смеете а треба да настапувате?

СРЃАН ОЛМАН: Па, тоа е веќе бизнис. Јас често не сакам да се смеам во приватниот живот. Малку ме оптеретува, затоа што сите околу мене очекуваат да бидам како да сум на сцената, а јас не секогаш се смеам. Сигурен сум дека е исто за сите во животот. Што се однесува до настапите, работев и под температура и кога имав стомачен вирус, но издржав бидејќи публиката некако ве крева, па заборавате на проблемите, адреналинот си го прави своето и се оди добро.

 

 

  • Како ги правите шегите за настапите? Публиката громогласно ракоплеска и силно се смее кога зборувате за вашето потекло, презиме, блиски и пошироки роднини, тешкото детство во 90-тите…

СРЃАН ОЛМАН: Па, не знам, едноставно некако ми доаѓа, не знам како излегов со сите тие шеги.

  • Кои се темите што луѓето најмногу ги сакаат?

СРЃАН ОЛМАН:  Публиката сака теми во кои најмногу се препознава, тоа е нешто што им е омилено. Темите на врските се многу интересни и добро прифатени: машко-женски односи, семејство, но и секоја животна ситуација во која тие се препознаваат, ова се темите кои најдобро функционираат.

  • Подготвувате стенд-ап настап во живо (live streaming) неколку дена пред Нова Година. Што да очекуваме?

СРЃАН ОЛМАН:  Каде и да сте на планетата Земја, може да дојдете на  мојот стенд-ап настап  седејќи дома! Го насловив  *ДАЛИ ДА СЕ ОБЕСАМ, ИЛИ ДА ПРОДОЛЖАМ ПОНАТАМУ?!* Да ве насмеам на популарната тема корона, карантин, како да не се обесиш од овогодинешните случувања, патувањата (кога беа дозволени) и уште многу други теми…едночасовен празничен хумор за мојата публика. Онлајн настапот ќе се одржи на 29 декември (вторник) во 21 часот. Цената на  билетот е навистина достапна за секого  само 2 евра/125 денари. Со Продукцијата Златен Заб која е од Македонија,  го реализираме овој стенд-ап, а  интересот е навистина голем, но бројот на билети е ограничен (само 150). Публиката од целиот екс ЈУ регион купува билети, дијаспората исто. За сите кои нема да можат да го следат настанот во живо, истиот ќе биде достапен за гледање до 02.01.21. 

Им посакувам на сите ваши читатели да се смеат повеќе во 2021 година, бидејќи смеењето е моќен стимуланс кој позитивно влијае на целокупното здравје. Тоa може значително да го подобри нашето расположение во даден момент. Тоа е едно од најсилните оружја во борбата против стресот.

denesmagazin.mk