“Пет Фест 2025” посветен на домашните миленици

Сподели

Во Паркот на Франкофонијата во Скопје, на 1 јуни, со почеток од 10 часот ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните.

Најголемиот настан за љубители на миленичиња се враќа по втор пат – со уште повеќе забава, активности и незаборавни моменти, информираат организаторите.

Во рамки на настанот ќе има забавни игри и активности за миленичиња, подароци и попусти од брендови за миленици,  едукација од ветеринари и тренери, Фото-зона и изненадувања за целото семејство, храна, музика и прекрасна атмосфера.

Донеси го твоето милениче и стани дел од заедницата што ја слави љубовта кон животните! 

Повеќе информации на: https://petfest.mk

извор