По 24 години се затвора Хашкиот трибунал

Сподели

Денеска во Хаг ќе се одржи церемонија по повод затворањето на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, познат како Хашки трибунал.

На церемонијата ќе присуствуваат и официјални претставници од неколку поранешни југословенски републики, чии што државјани се судени изминативе 24 години во овој суд.

Хашкиот суд е основан на 25. мај 1993 година, од страна на Советот за безбедност на ОН, со цел да се гонат сторителите на воени злосторства на територија на поранешна Југославија.

За време на 24. годишното работење, овој суд процесуираше вкупно 161 обвинети.

МИА