7 дена Македонија

ПОБАРАНА Е ОСТАВКА ОД ЃОРЃЕ ИВАНОВ

Сподели:

Глобалното движење за борба против корупција “Транспаренси интернешнел” побара оставка од македонскиот претседател  Ѓорѓе Иванов и одложување на изборите закажани за 5 јуни, се` додека не биде пречистен избирачкиот список.

“За повторно да завладее правото во Македонија и за да може да се одржат слободни и фер избори, ние сме цврстo уверени дека претседателот треба да даде оставка и дека изборите треба да се одложат се` додека не се потврди дека избирачкиот список е пречистен. Македонија се соочува со корупциска криза на високо ниво- напиша Хозе Угаз, претседател на “Tранспаренси интернешнел”.

Сподели: