7 дена Македонија

ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА

Сподели:

Демократскиот сојуз  предлага свикување на седница на парламентот и одложување на изборите, со што ќе се создадат услови за избор на експертска влада, а не политичка. Мандатарот треба да биде кандидат со високи професионални и демократски капацитети, без партиски багаж, кој ќе има слобода да го формира владиниот кабинет од професионалци. Оваа влада би имала мандат да ги разреши круцијалните прашања: промени на уставот, реформи на судскиот систем и на медиумите, реизбор на судиите и формирање на судски оддел што ќе постапува по обвиненијата на СЈО.

Сподели: