Музика и Филм

Почина актерот Горден Кеј, легендарниот Рене од серијата „Ало ало“

Сподели:

На 75 годишна возраст, почина актерот Горден Кеј, актерот кого генерации го паметат по незаборавната улога на Рене Артоа, сопственикот на кафебарот Рене во местото Нувион за време на втората светска војна

Горден имаше 41 година кога авторот на серијата „Ало ало“ го избра за главен лик во серијата. Серијата доживеа незапамтен успех не само во Англија, туку и во светот, а имаше и безброј репризи и кај нас. Серијата за првпат на хумористичен начин ја прикажуваше Втората светска војна, односно окупацијата на Франција од страна на Германија. Рене Артоа маестрално одигран од Горден Кеј, е ставен не по своја волја како лидер на францускиот отпор, кој истовремено мора да се справува и со љубовните авантури со неговите келнерки.

Горден Кеј ја играше улогата на Рене точно десет години, а во 1990 година доживеа тешкаа сообраќајна несреќа, поради која серијата паузираше со снимањето. Иако, како театарски глумец играл покрај британски легенди, сепак генерации ќе го запаметат како вечно заводливиот и шармантен Рене.

Пред пет години ја објави и автобиографијата со која ја шокираше нацијата признавајќи дека неговата сексуална определба била далеку од онаа на Рене. Горден отворено признал дека е хомосексулаец, но дека никогаш немал партнери со кој остварил врска. Горден почина во домот за стари лица.

Сподели: