Алтернатива Вести Македонија Музика и Филм Настани Ударни вести

Почина Атанас Коларовски, играорец и кореограф од првата генерација на „Танец“

Сподели:

 

После долг и неверојатно богат и успешен живот, во својата 96-та година од животот, замина во вечноста Атанас Коларовски, знаменитиот играорец и кореограф од првата генерација на „Танец“.
 
 
 
 
Атанас Коларовски е роден во село Драчево, Скопско, во 1926 година. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и играорец-солист. Од 1970 година се преселил во Соединетите Американски Држави, каде што ја продолжил својата активност како инструктор, пренесувајќи им го богатството на македонскиот музички и играорен фолклор на генерации вљубеници од целиот свет.
 
 
 
 
Атанас Коларовски е автор на повеќе врвни кореографии за „Танец“, меѓу кои и на антологиските „Драчевка” и „Калајџиско”. Тој остави длабока и неизбришлива трага на целокупната македонска култура, а неговите творби го внесоа во вечниот македонски незаборав.
 
Во сеќавање ТАНЕЦ го репризира видео прилогот од 2019 година, во кој говори самиот Коларовски во чест на големиот јубилеј – 70 години од основањето на Танец.
 
 
 
 
“Нека му е светол патот и вечна славата на големиот мајстор на македонскиот танец!” – објави ТАНЕЦ на својата официјална страна.
 
Во сеќавање го репризираме овој мал видео прилог од 2019 година, автор Бранка Костич Марковиќ.
 
Сподели: