Во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето ќе се одржи камерен концерт „Кларинет во придружен гудачки квартет“.
Во овој концертен проект кларинетот и гудачкиот квартет создаваат суптилен музички дијалог во кој се преплетуваат лириката, виртуозноста и емотивната длабочина. Програмата ги обединува елегантната минијатура Pagina d’Album од Микеле Мангани, монументалниот Кларинетски квинтет во h-moll, оп.115 и современиот македонски музички израз преку делото Кога бев дете од Марјан Јанкоски. Концертот претставува патување низ различни музички светови, каде традицијата и современоста се среќаваат во еден заеднички звучен
простор.
Изведувачи:
Бранко Павловски – кларинет
Камелија Дуковска Зефик – прва виолина
Бранислав Автовски – втора виолина
Марија Димитријевиќ – виола
Енис Аљи – виолончало


