Вести Свет

Почина поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак

Сподели:

 

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак почина денес на 91 година.

Мубарак беше египетски политичар и поранешен претседател на Египет. На таа функција беше од 1981 до 2011 година.

После воената кариера, како пилот на бомбардер, тој станал потпретседател на Египет.

Се наведува дека поранешниот претседател на Египет Хосни МУбарак бил и еден од најмоќните политичари во регионот, многумина го сметале и за диктатор. Медиумите наведуваат дека бил познат по својата неутрална позиција во израелско-арапскиот конфликт и како општоприфатен преговарач.

Сподели: