Почнува 29. издание на „Денови на комедија“ во Куманово

Сподели:

Од 23 септември до 5 октомври во НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи 29. меѓународен фестивал „Денови на комедија“.

Во фестивалската програма се предвидени десет театарски претстави од Македонија и од земјите од регионот, исполнети со хумор и квалитетна актерска игра. Ќе бидат доделени награди во повеќе категории, меѓу кои за најдобра претстава, режија и актерски остварувања.

Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Претставите ќе започнуваат во 20 часот, а фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Сподели: