Почнува манифестацијата “Снежен град” на Попова Шапка

Сподели

На Попова Шапка од денес до 24 февруари ќе се одржи детската манифестација „Снежен град – 2019“, во организација на
Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје.

На настанот ќе учествуваат мали градители – ученици од Скопје, Куманово, Виница и Тетово.

„Децата кои учествуваат на снежен град, користејќи ја својата фантазија, се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури“, велет од ДКЦ Карпош.

Во рамките на манифестацијата ќе се одржат и други активности од забавно-рекреативен карактер, како избор на снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и забава во дискотека за учесниците.