Вести Македонија Ударни вести

Почнува трансформацијата на ординациите од општа во семејна медицина

Сподели:

 

Специјалистите по семејна медицина, од денеска можат да започнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации по семејна медицина. Со ова, ја финализиравме процедурата започната во февруари годинава, презентирана на првиот Национален форум за здравство – соопштуваат од министерството за здравство.

– Специјалистите по семејна медицина ќе може да нудат поголем број услуги од матичен лекар. Ова е само еден дел од унапредувањето на квалитетот на услугите во примарната здравствена заштита. На овој начин граѓаните ќе можат здравствената заштита да ја добијат поблиску до местото на живеење, информира министерот Филипче.

Ова решение е дел од мерките за унапредување на примарната здравствена заштита изготвени врз основа на анализите и препораките на Светската здравствена организација во координација со стручните здруженија.

Сподели: