Скопје ЗОО ќе го слави 93. роденден

Сподели

 

Зоолошка градина Скопје оваа година го слави својот 93-ти роденден.

По тој повод, на 1.септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

Со почеток од 12:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите – најавија од ЗОО Скопје.

За најсреќните посетители ќе има подароци- Електричен мотор од Брегал, патување за двајца (плус дете) со Фибула Аир Травел и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.

До роденденот, може сите вие да добиете повеќе шанси за да бидете потенцијален добитник на некој од подароците. Се што треба да направите е при посета во зоолошка, на билетарата да побарате купон, да го пополните и да го ставите во кутијата која се наоѓа на влезот – соопштуваат од ЗОО Скопје.

Извлекувањето ќе биде во живо, на 1.септември во склоп на големата роденденската забава.