Почнува тридневниот штрајк на матичните лекари

Сподели

 

УО на ЗПЛРМ на 27 август донесе одлука на 5, 6 и 7 септември да се одржи протест на работно место – заради, како што наведуваат во објавата на веб страницата на Здружението, неприфаќање на стратешките барања од здравствените власти.

Здружението на приватните лекари на Република Македонија протестираат со главно барање за зголемување на капитациониот бод, за кој велат дека пет години не е сменет.

“Двојно зголемување на ценовниците за приватни услуги, бришење на дестимулативната скала, електронско здравство, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории за рурални амбуланти, како и барање да не се затвораат ординации на доктори кои сакаат да продолжат да работат после наполнети 64 години.”

Овие три дена тие нема да издаваат упати и рецепти и ќе третираат само итни случаи.