СДСМ поднесе иницијатива за итна седница за заштита на жените и одговорност од институциите

Сподели:

 СДСМ бара итна седница на Собранието, без политички калкулации ќе се расправа за насилството врз жените и семејното насилство. Исто така, да се побара одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да се испорачаат конкретни мерки за превенција и заштита.

„Во Македонија жените повеќе не страдаат само од раката на насилниците – страдаат и од институционалниот молк и неказнивост. Сведоци сме на бројни насилства врз жени и убиства, зад кои стојат претходни пријави, барања за помош и институционални пропусти. 17-годишнта девојка Билјана од Богданци, убиена и покрај активната забрана за приближување. Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје која не ја дочекаа помошта, не добија заштита и покрај бројните пријави. Насилникот кој ја претепа до бессознание Сара во Охрид првично беше пуштен да се брани од слобода. Ова не се изолирани инциденти – ова е доказ дека системот не ги штити жртвите“ изјави и посочи на денешната прес-конференција во Собранието потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска.

„Ги повикуваме сите пратеници во Собранието да застанат зад оваа наша иницијатива, да ја потпишат и да се свика итна седница. Во Македонија жените повеќе не страдаат само од раката на насилниците – страдаат и од институционалниот молк и неказнивост. Сведоци сме на бројни насилства врз жени и убиства, зад кои стојат претходни пријави, барања за помош и институционални пропусти. Постапките не водат до одговорност на високите раководни позиции во МВР. Вината е префрлена само врз обичните полициски службеници. 

Во последните две години се регистрирани 13 фемициди – 6 во 2025 и 7 во 2026 година.

Тренческа и СДСМ побараа во најкус можен рок да се донесат заклучоците од Надзорната расправа, која се одржа во јуни-јули, а потоа, да се разгледаат барањата на граѓанските организации кои што работат на оваа проблематика за измена на осумте закони.

Сподели: