Алтернатива Вести Македонија Настани Спорт Ударни вести

Под мотото „Возиме за бегалците“ одбележан Светскиот ден на бегалците

Сподели:

 

Центарот за управување со кризи, со свој тим велосипедисти, составен од свои вработени, се придружи и учествуваше на велосипедската тура „Возиме за бегалците“ што е организирана по повод 20 Јуни, Светскиот ден на бегалците. Со тоа и симболично ЦУК даде поддршка на мотото на велосипедската тура во Скопје, што како замисла беше планирана за сите учесници, заедно да ја испратат пораката дека: – СЕКОЈ, СЕКАДЕ, СЕКОГАШ ИМА ПРАВО ДА БАРА СИГУРНОСТ!

 

 

Стартот за велосипедистите беше реализиран од три места во Скопје: за 8:00 наутро за турите од Мост „Обединети Нации“, населбата “Карпош 4“ и од Мост Близнак на Вардар во населбатата „Аеродром“, а стартот за турата со појдовна точка на крстосницата кај Булевар „Илинден“, сероисточно од популарно именуваната „Воена Болница“, се изврши во 8:15 наутро. На секоја од трите тури имаше назначени редари кои ги насочуваа велосипедистите кон крајната заедничка дестинација во централниот дел на Градскиот парк во населбата „Центар“. Црвениот крст на град Скопје со две медицински екипи беше присутен во случај на медицинска потреба кај учесниците на велосипедската тура.

 

 

Инаку, веслосипедската тура беше во организација на повеќе организации и институции: Агенцијата за бегалци при ОН, УНХЦР, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Црвениот крст на град Скопје, Македонското здружение на млади правници, Младинскиот образовен форум и Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје.

Тимот велосепидисти на ЦУК, составен од рекреативни велосипедисти, меѓу кои имаше и пасионирани велосипедисти за долги патеки коишто редовно, речиси секој викенд поминуваат и над 100, па и до 250 километри долги тури во нашата држава, а и по територијата и на соседните држави, организирани во посебни групи коишто можат да го издржат тоа силно темпо за такви велосипедски долгометражни турнеи. Пример за таков пасиониран велосипедист од ЦУК е и нашиот колега Муџаир Асани – Џаич, кој  возеше со делот од велосипедскиот тим на ЦУК што тргна од Аеродром.

Сподели: