Поддршка на ХАЕ: “ПочниСоВодно -15”

Сподели

 

16.мај е светски ден на ХАЕ, ретко заболување. Со појавата на отоци на различни делови од телото, било надворешно манифестирани (дланки, стапала, лице, усни, чело, итн.), или пак на внатрешните органи (стомак, дијафрагма, јазик, грло, итн.). Се уште БЕЗ лек но со третман за контола на нападите за време на отоците кои траат од 2-5 дена.

Трите друштва заедно со Scout out door shop на овој настан ставаме акцент за подигнување на свеста кај сите граѓани за една од ретките заболувања.
Секој што ќе дојде, ќе придонесе за поддршка на ХАЕ, за да се слушне и за да бидеме свесни за целокупната околина која нѐ опкружува.

***

Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки.
# Од некаде мора да се Почне
Почни со тренинг,
Почни со дружба,
Почни со нас,
#ПочниСоВодно

Те очекуваат бајкерско – хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders Друштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia.