Погба се врати од каде што започна, Јунајтед даде 105 милиони евра!

Сподели

Манчестер Јунајтед го официјализираше трансферот на летото и преминот на Пол Погба од Јувентус во клубот од „Олд Трафорд“.

погба јунајтед1

Договорот е со важност до 2021 година со опција за уште една шеста сезона.

Деталите не се откриени, како ни обештетувањето кое ќе го добие Јувентус. Oва ќе биде светски рекорд и сума преку 100 милиони евра.

„Благодарност до сите навивачи на Јувентус. Збогувањето не значи ништо, важно е времето кое го минавме заедно.

,,Во мене остана дел од Јувентус и дел од мене е во овој клуб“, изјави Погба за сега веќе неговиот поранешен клуб.

погба јунајтед

Французинот ги мина лекарските прегледи и веќе тренираше со своите нови клупски другари.

Неговото деби се очекува следниот викенд против Бурмаут во првото коло на Англиската Премиер лига.

The post Погба се врати од каде што започна, Јунајтед даде 105 милиони евра! appeared first on Спорти.


Source: Sporty