Помина првиот Закон на Левица: Нема партиски вработувања во здравството

Сподели:

После завршената комисиска расправа, на денешната пленарна седница финално се усвои предлог-законот на Левица за укинување на дискреционото право на директорите при вработување, известуваат од партијата.

Со поддршка од сите парламентарни партии, ова е чекор кон конечно развивање дијалог кога се работи за закони кои се од ОПШТО ДОБРО за сите граѓани.

Подобро и прогресивно општество се гради само преку вреднување на трудот на најквалитетните умови – и со усвоениот закон на Левица се трасира патот во таа насока.

“Во иднина, директорите на јавните здравствени установи ќе немаат дискреционо овластување и ќе мора да ги вработуваат НАЈДОБРИТЕ ЛЕКАРИ на конкурсите!!! Нема веќе молење по штабови.

Ова воопшто не е мала промена. Може да ги задржи најдобрите медицинари во државава, наместо масовно да се селат во Германија, Бугарија и по белиот свет на печалба”, напиша Димитар Апасиев на неговата фб страна.

Сподели: