Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Помпео: Се подготвуваме за добредојде за триесеттата членка – Северна Македонија!

За среќа, нашата бројка расте! НАТО обединува 29 нации. Оваа година се подготвуваме за добредојде за триесеттата – Северна Македонија! – порача државниот секретар на САД, Мајк Помпео, поздравувајќи го фактот што минатата седмица до американскиот Сенат е поднесен документот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на заедничкиот состанок на Конгресот во предвечерието на 70 години од основањето на НАТО, се сретнал со Помпео, при што државниот секретар на САД му пренел силната заложба на неговата земја за приклучување на нашата држава во Алијансата до крајот на годината. Димитров пак се заблагодарил на земјите-членки за отвореноста кон Република Северна Македонија, некриејќи го задоволството од постигнатиот напредок на земјата кон остварување на крајната цел, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

-Силни сме колку што ни е силна армијата и економијата и колку што ни се силни демократските институции. Но, силни сме и толку колку што имаме пријатели! Никогаш веќе нема да одиме сами. Со нас ќе бидат 29 НАТО сојузници – еден за сите, сите за еден! – порача Димитров.

Генералниот Секретар на НАТО, Столтенберг, во обраќањето на заедничкиот состанок на Конгресот, на кој присуствуваше и министерот Димитров, потенцираше дека е добро да се имаат пријатели. Во тој контекст, им се заблагодари на земјите-членки за отвореноста кон Република Северна Македонија, некриејќи го задоволството од постигнатиот напредок на земјата кон остварување на крајната цел, соопшти македонското МНР.

Димитров во Вашингтон даде за „Гласот на Америка”, а имаше и заедничко телевизиско гостување со министерот Катругалос во PBS News Hour.

Македонскиот министер за надворешни работи се сретна и со министрите за надворешни работи на Турција, Белгија, Исланд Италија и Словенија, со фокус на ратификацијата на Протоколот за НАТО.

Денеска се одржува состанокот на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, на кој за прв пат, во својство на „поканета земја” ќе учествува министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Сподели: