Попладне дожд, а утре се очекува невреме

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Претпладне променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне променливо облачно. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

 Утре, локално, особено попладне, врнежите ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и услови за ретки грмежи.