Попладне пороен дожд и грмежи

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. UV=8

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од регионот со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.