Пороен дожд, грмотевици и засилен ветер во Кичево и Македонски Брод

Сподели:

Во западните и југозападните планинските региони има појава на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Пороен дожд и појава на грмежи источно од Кичево, нестабилност има во планинските региони во западните делови. Северозападно од Македонски Брод има развој на нестабилна облачност со правец на движење северозапад-југоисток од која има пороен дожд и засилен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре ќе се задржи топло време. Попладне, во текот на ноќта и во петок претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со појава на град. Во петок ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 5 до 7 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.

Сподели: