Изложба „Љубовници во пандемија“ на Јана Манева-Чупоска во Венеција

Сподели:

Изложба „Љубовници во пандемија“ (Pandemic Lovers) на Јана Манева-Чупоска, во галеријата Venezia Kunst Depot Arts Space Venice во Венеција, Италија, на 27 октомври.

Изложбата е авторски ликовен проект кој преку цртежот, фигуративниот израз и експресивната линија ги истражува интимноста, љубовта, сеќавањето и човечката блискост.

Односите меѓу личното и колективното искуство, присуството и отсуството, како и потребата за блискост во услови на изолација и општествени кризи, таа комбинира различни медиуми и техники, поврзувајќи ги визуелните, емоционалните и концептуалните аспекти на човечкото искуство.

Сподели: