Последен ден за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2022

Сподели

 

Полека, но сигурно наближува најголемиот спортски настан за оваа година. Уште 12 дена не делат од најпознатата скопска трка, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се оддржи по 18-ти пат.

Сите заинтересирани тркачи кои сè уште не се пријавиле на настанот, тоа можат да го направат уште денес, 20-ти септември на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/

Осуманесетото издание на Виз Ер Скопски маратон ќе се оддржи во недела на втори октомври, со традиционалните трки кои се дел од оваа спортска манифестација.

Оваа година стратот и целта се враќаат на својата претпознатлива локација, стартот ќе биде пред Собранието на Р. Македонија, додека целта ќе биде Плоштадот „Македонија“.

Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетната трка – ЕУ за спорт ќе биде во 8:00 часот, а трката на 5км ќе започне во 08:10 часот.

Подигнување на стратните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат тоа од 29.09.2022 (четврток) до 01.10.2022 (сабота) во Веро Центар, од 11:00 до 19:00 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација.

Секој учесник на Виз Ер Скопски маратон добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз Ер кој можат да го користат до наредното издание на маратонот.

Виз Ер Скопски Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

Повеќе информации можат да се најдат на официјалната страна на маратонот, како и нивната Фејсбук страна: http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton