Алтернатива Настани

“Посветло отколку без Светлина” – изложба Стефан Шашков

Сподели:

 

Изложба на Стефан Шашков во Аудиокултура, на 05.04.2023 година.
 
Спојот на музиката и визуелната уметноста ќе биде презентиран преку уметничка изложба на Стефан Шашков.
 
Делата од циклусот “Посветло отколку без светлина” од Шашков се инспирирани од музиката на Харолд Бад, Џон Хасел, Роберт Фрип, Брајан Ино, Даниел Ленуа, Мајкл Брук и Роџер Ино.
 
На денот на изложбата, во Аудиокултура ќе се слуша музиката од овие автори, а звучната репродукција ќе биде реализирана преку High End системите од Teoharov audio.
 
На денот на изложбата ќе биде овозможено и потпишување на книгата од овој опус.
 
Претходно, оваа изложба во ноември 2022 година беше поставена во MC Gallery во Њујорк, а во февруари 2023 година во Македонската филхармонија.
Сподели: