БИЉАЛИ: Правна разврска бараат тие што злоделата на Груевски ги третираат како врвно национално богатство

Сподели

 

“Врвно лицемерие и потценување на елементарна интелигенција кај обичниот човек е кога се кажува дека не е доволна оставката на Павле, од собранието, туку треба и судска разврска! Треба човек да пасе трева за да поддржи ваков став од вмровска структура, која до крвни жили се бореше за ослободување на нивното мега-криминалното злосторничко здружение што направи вековен грабеж на својот народ, а и тие „родољубиви“ кои го организираа и спроведуваа насилството од 27. април, трубејќи на сите труби дека тие ти биле жртви на „хунтата на Заев“. Бараат правна разврска токму тие што немилосрдно ја силуваа правдата заедно со се Јустиција. Тоа го кажуваат тие што злоделата на Груевски ги третираат како врвно национално богатство, па затоа неговиот дух сеуште го чуваат во собранието.”

СТАВ, Мерсел Биљали