Настани

Петто издание на ревијалната трка #ВозиПравоВозиЗдраво

Сподели:

 

Ги повикуваме сите граѓани на Скопје кои сакаат низ центарот на Градот да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебе колички да ни се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили.

Регистрирајте се веднаш тука:
http://bit.ly/VPVZRegistracija

Настанот ќе се одржува на 08.06 сабота со СТАРТ од 17 часот од Порта Македонија и забава и лотарија на целта во Градскиот парк.

Редните броеви од регистрацијата ќе можете да ги подигнете од нашата i-bank store филијала од 10 – 18ч секој ден од понеделник 03.06 до 08.06 најдоцна до 15 часот.

НАПОМЕНА: Подигнување на редни броеви пред стартот НЕМА ДА биде овозможено. Побрзајте подигнете ги броевите најдоцна до 15 часот на 08.06.2019.

На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со пијалок, сладолед или грицки.

За доброто расположение на присутните ќе се погрижат Скопски Грув5+ Фамилија и Baskerfest како и водителите Марко и Цеце.“, стои во соопштението на фејзбук страната

Сподели: