Празнична магија под вода во Охридското Езеро

Сподели:

Со традиција подолга од 20 години, нуркачите на Нуркачкиот центар Амфора во соработка со здружението за Ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид и ја поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода, симболично одбележувајќи ги новогодишните и божиќните празници.

Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден.

Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна.

Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро!

Сподели: