Алтернатива Настани

Филхармонија ја стартува новата концертна сезона со „ЗВУК НА ДВА МЕТРИ“ – Густав Малер

Сподели:

 

По пауза од неколку месеци, Филхармонија почнува со реализација на своите редовни концерти.

Првиот концерт под наслов „Звук на два метри“ со кој ќе стартува новата сезона 2020/2021, ќе се реализира овој четврток (3 септември) со почеток во 20 часот, а на програмата е ремек-делото за два гласа и оркестар – „Песни за земјата“ од врвниот Густав Малер. Диригент е маестро Габриел Бебешелеа од Романија, а солисти се истакнатите уметници Корби Велч – тенор (САД) и Хеике Веселс – мецосопран (Германија).

Концертот ќе се одвива според протоколите одобрени од Комисијата за заразни болести, а билетите во ограничен број ќе можат да се набават онлајн на веб-страницата на Филхармонија, по цена од 800 денари.

За да се испочитуваат протоколите, капацитетот на салата ќе биде искористен само 30 отсто, публиката ќе седи на дистанца, а ќе се продаваат само парните редови во салата. Музичарите кои ќе свират истотака ќе бидат распоредени согласно параметрите кои ги налага Комисијата за заразни болести.

Сподели: