Алтернатива Настани

Пречек на 2017-та на Сквер Јадран со Јура Стублиќ и „Филм“

Сподели:
 Општина Центар и годинава ја организира манифестацијата „Град во Градот 4“, каде на познатата локација, Сквер Јадран, центарци, скопјани, но и граѓани од цела Македонија, ќе ја пречекаат новата 2017-та година со македонските хип хоп пионери С.А.Ф., со Јура Стублиќ и Филм и со „Забрането пушење“.

133493948

Журката ќе започне после 22:00 часот, со настапот на С.А.Ф, ќе следи „Филм“ – југословенска и хрватска рок група основана 1978 година, чиј фронтмен е Јура Стублиќ. Оригиналната постава на „Филм“ се распадна во 1986-та, а набргу потоа, повторно се составуваат под името „Јура Стублиќ & Филм“.

– Публиката на Сквер Јадран ќе има можност во живо да ужива во нивните мегахитови, по цели пет години од последниот настап на скопското Калe. Присутните ќе се потсетат и ќе заиграат во ритмот на музиката и на култната рок група „Забрането пушење“ и на легендарната „Зеница Блуз”, информираат од општина Центар.

Сподели: