Градоначалникот Пецаков е згрозен од настанот во Охрид

Сподели:

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот официјален ФБ профил, остро го осуди настанот што го потресе градот.

“-Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид. Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилство не е решение !

П.С. Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин”, напиша Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид.

Сподели: