Премиера на „Без иднина“ во Албанскиот театар за деца и млади

Сподели:

Вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерата на претставата „Без иднина“, изработена според делото „Будење на пролетта“ од Франк Ведекинд.

Претставата ја обработува темата за растењето, првите судири со себе и со светот, како и тишината што често ги следи тие моменти. Низ спомени и фрагменти од минатото се отвора простор за разбирање на младоста, промените и неизговорените прашања. Приказната на сцената се раскажува и преку движење, таму каде што зборовите не се доволни.

Режијата е на Шенај Мандак, сценографијата на Енес Деари, а костимографијата на Ивана Секуловска. Улогите ги толкуваат: Дениз Рустеми, Деа Пајазити, Елдин Широки, Зарије Јонузи Челику, Мелика Кастрати и Флакрон Алиу.

Сподели: