Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска постхумно го одликува Анастас Коцарев со орден „Илинден – 1903 година“.
“Имам особена чест постхумно да го одликувам Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот исклучителен придонес во афирмирањето на идејата, заложбата и борбата за признавање на самобитноста на македонскиот народ.
Коцарев е човек од знаење, научник од светски глас и неспорна почит, творец и истражувач чии дела и методи се цитирале и се цитираат во современата медицина, но и политички ангажиран интелектуалец со јасни македонски политички заложби.
Со постхумната награда и со обележјето на куќата во којашто е роден, ќе го вратиме Анастас Коцарев дома, а Охрид ќе добие уште еден великан!” – изјави претседателката Давкова.
фото ФБ Гордана Сиљановска Давкова


