Премиера на “Рефлексии” – музичка приказна од Дино Имери

Сподели

 

Премиера на “Рефлексии” – музичка приказна во авторство и изведба на нашиот реномиран пијанист и уметник – Дино Имери.

Концертот ќе се одржи на 26.08. (Среда) во 19 ч. на отворениот простор на Музејот на македонската борба, во склад со пропишаните протоколи за организација на јавни настани.

За “Рефлексии” авторот ќе каже:
“Делото Рефлексии е плод на моите повеќегодишни животни и уметнички потраги и внатрешни конфликти. Делото е обид за внатрешна рефлексија и претворање на темнината во светлина, злото во добрина, грдоста во убавина, лагата во вистина, смртта во раѓање. Музичкиот јазик кој го користам во ова дело е мојот мајчин јазик – сето она што во мојот уметнички и личен живот ме инспирирало, фасцинирало и научило, а најважно од се’ – љубовта, искреноста и храброста.”

Влезот е слободен, а предвидено време за влез на публиката е од 18.30-19 ч.

За Ваша безбедност и целосно уживање во програмата, Ве молиме почитувајте ги пропишаните мерки како задолжително носење на заштитна опрема маска, одржување на физичко растојание од најмалку 1,5 метри, задолжителна дезинфекција и мерење на телесна температура.

Фотографија: Кирил Зеленковски